Ништо од Де Јонг

196

Францускиот гигант ПСЖ се откажа од намерата да ги осигура услугите на холандскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Френки де Јонг. Популарните „светци“ беа многу заинтересирани за одличниот играч за врска, но освен побараното обештетување од 85 мил. евра, голем проблем за ПСЖ беше и фактот дека Де Јонг многу често се повредува.