Шведска ќе испрати војници во Летонија

Шведска ќе испрати свои војници во Летонија како дел од силите на НАТО во балтичките земји кои граничат со Русија и нејзиниот сојузник Белорусија, изјави во четвртокот шведскиот премиер Улф Кристерсон.

„Владата донесе формална одлука утринава да ги задолжи вооружените сили да го подготват шведскиот придонес за намалениот баталјон“, рече Кристерсон на заедничката прес-конференција со неговата латвиска колешка Евика Силина.

„Целта е овие сили да бидат оперативни од почетокот на следната година“, додаде тој.

Придонесот ќе вклучува оклопни возила и тенкови „Leopard“ од германско производство, рече шведскиот премиер.

Шведска се приклучи на НАТО минатиот месец, станувајќи 32-та членка по една децениската само декларативна воена неутралност со тесна соработка во производството оружја и учеството во воени вежби со западните земји, правдајќи го потегот со руската инвазија на Украина.

Шведска веќе најави дека ќе испрати редуциран механизиран баталјон во мисијата на НАТО во Летонија. Конечната одлука е донесена по влезот во НАТО.