Вкупната воена помош на Полска за Украина изнесува 8,4 милијарди евра

Полска ѝ испорачака воена помош на Украина во вредност од околу 8,4 милијарди евра во последните две години, објави владата во Варшава во четвртокот.

Вкупно 44 пакети со различно вооружување и оружје биле испорачани и предадени на Киев, изјави министерот за надворешни работи Радослав Сикорски во воведниот говор во полскиот парламент.

Воени експерти велат дека Полска досега ѝ испорачала на Украина 300 тенкови и други тешки оклопни борбени возила, 14 борбени авиони, како и хеликоптери, системи за противвоздушна одбрана и муниција.

Министерот за надворешни работи, исто така, рече дека од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, Полска потрошила 16 милијарди евра за хуманитарна помош во самата Украина, како и за поддршка на украинските бегалци од војната во Полска.

Сикорски додаде дека во Полска околу 950.000 луѓе од Украина добиле привремен матичен број, познат како PESEL. Легитимацијата ја олеснува комуникацијата со властите и државниот здравствен систем. Полска го користи бројот PESEL како основа за одредување на бројот луѓе кои бараат заштита.

Но, бројот на Украинци што Полска ги прими досега е веројатно многукратно поголем, изјави шефот на полската дипломатија, повикувајќи го Западот да ѝ даде одлучна поддршка на Украина.

А претходно во четвртокот полскиот министер за одбрана на Владислав Косињак-Камиш изјави дека Варшава е подготвена да му помогне на Киев што е можно поскоро да ги врати воено способните мажи во земјата и со тоа да помогне украинската војска да го надмине проблемот со голем недостиг од жива сила, по одлуката на украинските власти дека пасошите за воено способни мажи може да се издаваат само во земјата, што значи дека тие повеќе не може да користи конзуларни услуги за нивно продолжување.

„Имаме две едноставни опции: би можеле да се соочиме со поразена руска армија стационирана на источната граница на Украина или со победничка војска на источната граница на Полска“, реќче Сикорск.

Сикорски „го предупреди“ рускиот претседател Владимир Путин „да не напаѓа ниту една земја членка на НАТО“. „Западот не треба да се плаши од конфронтација со Путин, туку обратно. Единствената надеж на Путин е нашата неодлучност“, рече министерот.