Еден дел од италијанските медиуми ја пласираа и информацијата дека лондонскиот премиерлигаш Арсенал ќе се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на српскиот интернационалец од редовите на калчо гигантот Јувентус, Душан Влаховиќ. Раководните лица на „старата дама“ сигурно ќе седнат на преговарачката маса доколку официјалната понуда не биде помала од 70 мил. евра.