Близок извор до таборот на актуелниот европски клупски шампион и бранител на тронот во Премиер лигата, Манчестер Сити, откри дека раководните лица ја разгледуваат и опцијата да стават крај на соработката со крилниот напаѓач, Џек Грилиш. Репрезентативецот на Англија игра променливо во актуелната сезона и затоа се почето шанса во првиот тим добива белгискиот интернационалец Џереми Доку.