Таткото на Вања излегува од Шутка, оди во домашен притвор

by Fokus

Таткото на убиената Вања излегува од притворот во Шутка и оди во куќен притвор, одлучи Врховниот суд.

-Врховниот суд на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А. Ѓ., изјавена преку неговиот бранител Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја уважи, a решението на Апелационен суд Скопје КСЖ-320/24 од 02.04.2024 година, го преиначи на начин што определената мерка притвор против обвинетиот А.Ѓ. ја укина и за обвинетиот определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост, соопштија од Судот.

Поврзани новости