Рамсдејл бара нова средина

66

Вториот голман на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Арон Рамсдејл, веќе ги информирал раководните лица дека планира да ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок. Репрезентативецот на Англија не е задоволен од минутажата која ја има во актуелната сезона, а моментално најголем интерес за неговите услуги покажуваат челниците на Њукасл и Манчестер Јунајтед.