Тешко оштетен еден од најпознатите симболи на Париз

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Едрата на познатата црвена ветерница на врвот на „Мулен Руж“, најпознатото париско кабаре, паднале на земја во текот на ноќта меѓу средата и четвртокот, изјави портпаролот на местото на одржување, пренесува Ројтерс.

„Не знаеме што се случило, тоа се случило помеѓу 02:00 и 03:00 часот. Никој не е повреден“, рече портпаролот, додавајќи дека последниот настан на вечерта завршил во 01:15 часот.

„Мулен Руж“ на многумина им е познат како место каде се роди модерната форма на кан-кан танцот. Клубот е основан во 1889 година, а публиката за неговите танцови изведби се главно туристички групи.