Познато е името на новиот менаџер на Манчестер Јунајтед?!

6558
epa10965271 Manchester United's Marcus Rashford (2-R) recieves a red card by referee Donatas Rumsas during the UEFA Champions League Group A soccer match between FC Copenhagen and Manchester United at Parken stadium in Copenhagen, Denmark, 08 November 2023. EPA-EFE/Liselotte Sabroe DENMARK OUT

Иако Манчестер Јунајтед успеа да се пласира во финалето на ФА Купот, медиумите во Англија пишуваат дека мечот против Ковентри бил последната капка за сер Џим Ретклиф и дека тој решил да го замени Ерик тен Хаг на лето. Исрите медиуми додаваат дека веќе е познато кој ќе биде нов менаџер на клубот од „Олд Трафорд“.

Сер Џим Ретклиф го следеше судирот на „Вембли“ во кој неговиот тим водеше со 3-0, а потоа Ковентри дојде до 3:3 и дури постигна победничкиот гол кој беше поништен.

Јунајтед имаше повеќе среќа во пенал рулетот, но Ретклиф беше крајно разочаран од играта на тимот на Ерик тен Хаг и наводно го загубил трпението со холандскиот стручњак.

Англиските медиуми пишуваат дека Ретклиф одлучил дека е време да му се заблагодари на Тен Хејг за соработката и дека Холанѓанецот најпосле ќе си го добие заслужениот отказ.

Ретклиф сака да ги размрда работите на „Олд Трафорд“ и јасно е дека најдобар начин за тоа е да го смени менаџерот кој не се докажа премногу на клупата на „црвените ѓаволи“ во претходните две години.

Неофицијално на новиот ко-сопственик прва желба му е Томас Тухел кој на лето заминува од Баерн (М) и ќе биде слободен.

Тоа го потврди и новинарот на угледниот германски „Кикер“, Георг Холцнер, кој објави дека Ретклиф веќе имал разговор со Тухел и дека е многу заинтересиран германскиот стручњак на лето да ги преземе „црвените ѓаволи“.

Тухел веќе работеше во Англија каде менаџираше со Челзи и успеа на овој клуб да му ја донесе титулата европски клупски шампион. Ретклиф смета дека Германецот е вистинското решение и сега единствено прашање е дали ќе најдат заеднички јазик околу должината на договорот и платата.