Силјановска води со 180 илјади гласови пред Пендаровски – Јакимовски со најслаб резултат

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Државната изборна комисија ги соопшти резултатите на 99,85% обработени податоци.

Тие покажуваат предност на Гордана Силјановска-Давкова со над 180 илјади гласови предност пред Стево Пендаровски.

Силјановска-Давкова има 362.682 гласови, додека Стево Пендаровски има 180.306 гласови.

Бујар Османи има 120.903 гласови, Арбен Таравари 83.356 гласови, Максим Димитриевски 83.787  гласови.

Билјана Ванковска има 41.172, додека пак најслаби резултати покажа Стевчо Јакимовски кој има 8.103 гласови.