Денеска се одбележува споменот на Василиј Исповедник

Православните христијани денеска го прославуваат денот на Свети Василиј Исповедник.

Овој добродетелен маж во времето на иконоборството беше епископ во градот Парија во мала Азија.

Одби да го потпише царското писмо против иконопочитувањето. За ова беше многу прогонуван и мачен. Но тој остана тврд во Православието.

Се упокои и се пресели кај Господ во првата половина на 8 век.