Десетици студенти уапсени во Тексас и Калифорнија поради протести против војната меѓу во Газа

by Fokus

Американската полиција уапси десетици студенти во Тексас и Калифорнија кои протестираа против војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

Во Тексас вчера се уапсени 34 лица, по судирот меѓу демонстрантите и полицијата и полициската коњаница, а меѓу уапсените е и новинар на американската ТВ станица Фокс, јавува Асошиејтед прес.

Студенти од Тексас побарале нивниот универзитет да прекине секаква соработка со компаниите кои произведуваат и продаваат оружје на Израел, пишува Independent.

Апсењата беа помирни во Калифорнија, каде беа уапсени околу 20 студенти кои претходно три дена ја забарикадираа зградата на универзитетот, на што универзитетот одговори со организирање онлајн часови.

Претходно оваа недела, полицијата соопшти дека 133 демонстранти биле приведени на Универзитетот во Њујорк и околу 40 на Универзитетот Јеил.

Поврзани новости