Доларот зајакна, цените на нафтата пораснаа

На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути се зголеми во петвртокот претпладнето, по остриот пад од претходниот трговски ден.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 105,75 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 105,60 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 154,85 ​​на 154,55 јени. Со оглед на тоа што доларот лебди на највисоките нивоа во последните 34 години, јапонските власти се закануваат дека ќе интервенираат за да спречат натамошно слабеење на јенот.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0705 долари, додека вчера во ова време беше 1,0710 долари.

Цените на нафтата, пак, благо пораснаа, по вчерашниот пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,16 отсто, на 88,15 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,13 отсто, на 82,90 долари.