Мицкоски: Ова е победа на народот., цунамито се крена и им виси на глава, а на 8 мај ќе ги потопи целосно

by Fokus

Народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој што го потценува народот, ја потценува Македонија и прави голема грешка, порача синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Ветив дека ќе победиме со најмалку 100.000 гласови разлика, победуваме со повеќе од 170.000. Многу работи зборувавме дека ќе се случат, не ни веруваа, не потценуваа. Мислеа дека со деца мали си имаат работа. Најлошо е кога човек ќе го потцениш.

Цунамито се крена и им виси на глава, а на 8 мај ќе ги потопи целосно.

Имаме обврска да им ги срушиме сите идеи за калкулации и предавства, сите нивни понижувања кои ги прават посебно изминативе денови. Ова е револуција, револуција на народот на Македонија, но, работата не е завршена, а власта не е ни малку наивна.

Првиот круг од изборите е жолтиот картон, а тој свети. Конечниот, црвениот мора да следи на 8 мај каде потребен е убедлив резултат, јасна победа врз оваа криминална и корумпирана власт“ порача Мицкоски.

Тој рече дека е свесен оти многумина не се до крај уверени, но сепак им дадоа поддршка затоа што состојбите се претешки, а ние, како што рече, „сме единствената надеж и шанса која мораме да ја оправдаме“.

Мицкоски предупреди дека сите од оваа власт што се погрешиле пред законот, ќе одговараат до последниот.

„Голема благодарност до оваа дама до мене професорката Гордана Силјановска Давкова. Ја напаѓаа, ја навредуваа, но таа издржа и храбро се бореше“ рече Мицкоски.

Поврзани новости