ДИК: Предност од 179.933 гласови на Силјановска пред Пендаровски на 99 % обработени гласачки ливчиња

Државната изборна комисија ги објави резултатите по обработени 99% од гласачките ливчиња во Македонија, во првиот круг од претседателските избори.

Предноста на Силјановска-Давкова и натаму висока, и сега изнесува 179.933 гласови повеќе во однос на Стево Пендаровски.

Силјановска-Давкова има 362.650 гласови, Пендаровски има 180.296.
Бујар Османи има 120.892 гласови, Арбен Таравари 83.356 гласови, Максим Димитриевски 83.784 гласови, Билјана Ванковска освои 41.171 и Стевчо Јакимовски со 8.101.