Доделување грантови од третиот повик на Регионалниот фонд за предизвици


Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ) денеска официјално ќе ги додели грантовите на добитниците од третиот повик, за стручно образование и обуки изработени во соработка помеѓу претпријатијата и установите за стручно образование и обука во регионот.


 На настанот што ќе се одржи во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија, ќе присуствуваат: Антони Пешев, извршен директор, Стопанската комора, Петра Дрекслер, амбасадорка на Сојузна Република Германија во земјава, Лусиен Аегертер, заменик шеф на мисијата при Амбасада на Швајцарија во Северна Македонија, Мориц Реме, директор на Канцеларијата на Германската банка за развој во Северна Македонија и Косово, Татјана Штерјова Душковска, генерален секретар и Јелена Маниќ Радоичиќ, заменик раководител на тимот, Регионален фонд за предизвици.


По три отворени повици, Регионалниот фонд за предизвици се обврзува да поддржи вкупно 16 проекти со 85 партнер претпријатија во Северна Македонија во износ од 7,13 милиони евра.

-На третиот повик за предлог проекти, пристигнаа 155 изјави на интерес од земјите на Западен Балкан, од кои 25 беа од Северна Македонија.


Комисијата за избор одлучи да ги финансира двата најуспешни проекти од Северна Македонија со вкупен износ од 951,905 евра.

Овие средства ќе се искористат за подобрување на инфраструктурата на образовните установи и за обезбедување обука на учесниците во програмата за кооперативно образование, наведуваат од Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ) ја поттикнува одржливата конкурентност на бизнисите од Западен Балкан 6 на патот кон единствениот пазар на ЕУ финансиски поддржувајќи го стручното образование кое во соработка со претпријатијата треба да одговори на потребите од одредени вештини.


вг/са/Фото: МИА Архива .

Извор: МИА