На скопскиот плоштад вечерва се слави победата на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Македонија во првиот круг на претседателските избори Гордана Силјановска Давкова.

Според првичните и неофицијални резултати што на прес-конференција вечерва ги објави Државната изборна комисија (ДИК) од преброени гласови од 3.156 избирачки места односно 89, 98 отсто од избирачките места Гордана Силјановска Давкова освоила 324. 177 гласови – 39,99 проценти, додека Стево Пендаровски 161. 393 гласови односно 19, 90 проценти.

Трет по освоени гласови од седуммината кандидати е Бујар Османи од ДУИ со освоени 110. 903 гласови, потоа Арбен Таравари со 78. 110, Максим Димитриевски од ЗНАМ со 70.996 гласови, Билјана Ванковска со 35.949 поддржана од Левица и со најмалку гласови е Стевчо Јакимовски 7.499 од ГРОМ.