ДИК: По преброени над 80 отсто од гласовите, Силјановска Давкова – 39,82%, Пендаровски – 19,42%

59

Гордана Силјановска Давкова е во убедливо водство во претседателската трка со останатите шест кандидати.

Според последните обработени 80% од податоците на ДИК, Гордана Сиљановска Давкова досега освоила 287.192 гласови или 39,93% отсто. За Стево Пендаровски гласале 140.272 гласачи или 19,50%.

Трет е Бујар Османи од ДУИ со 101 160 гласови (14,28 %), Арбен Таравари од коалицијата Вреди има 71 633 гласови (10,11 %), Максим Димитриевски од ЗНАМ има 59 933 гласови (8,46 %), Билјана Ванковска поддржана од Левица има 30 802 гласови (4,35 %) и Стевчо Јакимовски од ГРОМ има 5 321 гласови (0,75 %).