Османи прогласи победа во Тетово и Гостивар

89

Бујар Османи од Европскиот фронт е лидер од албанскиот блок наспроти кандидатот на ВЛЕН, Арбен Таравари.

Според досегашните гласови Османи има 81.748 гласови, додека Таравари 59.591.

Според првите неофицијални податоци од Гостивар, Османи води со 9142 гласа наспроти Таравари со 8920 гласа. И во Тетово, според првите неофицијални податоци, победи Бујар Османи со 12.046 гласови наспроти Арбен Таравари со 11.240 гласа.

Во седиштето на ДУИ во Тетово се слави, за разлика од централата на ВЛЕН во Скопје каде што владее молк и нема најава за медиумите.

– Денешниот глас e аманет за нас и ќе биде одлука за идните политики на оваа држава. Волјата на народот денеска е јасна и треба да се почитува од сите, рече Османи.

На големата прослава на Европскиот фронт на плоштадот Скендербеу во Скопје, вицепремиерот Артан Груби порача дека европска Македонија победи.

„Европска Македонија победи. Тие коалиции не успеаја да го поразат Али Ахмет и војната на ОВК. Им благодарам на сите што гласаа за Европскиот фронт, бидејќи ние сме гарант за европскиот напредок на државата“, изјави Груби.