Поранешната натпреварувачка во УФЦ, Пејџ Ванзант (30), се здоби со поголема слава поради фотографиите на социјалните мрежи, каде што е разголена, а не толку поради борбите во кафезот. Таа воедно се појави и на сајтот за возрасни „OnlyFans“. Меѓутоа, таа била толку исплашена по средба со наводен обожавател што и денес ја лазат морници кога зборува за тоа.

Во својот поткаст, Американката изјави дека еднаш, во вежбалница, запознала маж за кого се покажало дека ја демне и имала многу лошо искуство со него.

  • Тренирав и забележав дека ме гледа типот цело време. Веднаш почувствував дека чудно гледа во мене цело време – започна таа.

Нејзиниот сопруг, ММА-борачот Остин Вандерфорд, кој исто така бил во вежбалницата, се понудил да го претепа мажот. Сепак, Ванзант одбила, плашејќи се да не ескалира целата ситуација.

  • Бев на врвот од мојата кариера во УФЦ, можеби тој беше само мој обожавател, но нервозен. Секогаш може да се случи тоа – објасни Пејџ.

Но, тогаш работите станале многу чудни.

  • Дојде едно момче и почна да зборува со мене. Ми рече: „Еј, како си? Многу сум среќен што те запознав или многу сум среќен што сме заедно“.

На крајот, мажот ѝ рекол дека со години си пишувале на Инстаграм. По завршувањето на разговорот, Ванзант ги проверила своите пораки на Инстаграм. Се покажало дека човекот зборува сам со себе во нејзиното сандаче.

  • Отидов на задната страна и прелистував. Испраќал пораки секој ден, најмалку 10-20, и тоа четири години. Секој ден оставал пораки дека Алах му рекол дека сме создадени еден за друг и дека цело време додека бил во затвор, мислел на мене – додаде Ванзант.

Подоцна мажот неовластено ја фотографирал, па бил исфрлен од вежбалницата. На крајот, тој ги нападнал Ванзант и нејзиниот сопруг на паркингот, заканувајќи се дека ќе го убие.

За среќа, Ванзант никогаш повеќе не слушнала за него.