Македонскиот народ испрати јасна порака на сите политичари

Одлична атмосфера. Имаме огромна победа. Водиме со 140 илјади гласови и разликата може да оди само нагоре, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за моменталните резултати од првиот круг на претседателските избори и водството на кандидатката Гордана Силјановска-Давкова.

Како што додаде, од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат да имаат повеќе гласови од сите други кандидати заедно, на крајот на броењето.

-Ќе одиме во втор круг на уште поуверлива победа. Во вториот круг очекуваме и над 61 пратеник на парламентарните избори. Ова е силна порака од македонските граѓани и дека и тие сакаат да бираат претседател. Благодарни сме им на граѓаните, додаде Николоски.

На прашањето колку гласовите на Османи ќе одлучат, вели дека не е паметно да повикуваат на бојкот во вториот круг од претседателските избори.

-Македонскиот народ испрати јасна порака на сите политичари. Ќе продолжиме со кампањата уште поинтензивно, потенцира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.