Според првичните резултати од ДИК, Сиљановска-Давкова води во изборната трка, Пендаровски втор

87

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска – Давкова има 128.521 гласови (36,01 отсто) со што е во предност пред кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, кој има 62.484 гласови (17,51 отсто) на 42,13 отсто од преброените гласови, според првичните неофицијални резултати што ги објавува Државната изборна комисија(ДИК) за првиот круг на претседателските избори.

Кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски има 3.315 гласови (90,93%), кандидатот на ДУИ Бујар Османи има 62.772 гласови (17,59%), кандидатката на Левица Билјана Ванковска – Цветковска има 15.095 гласови (4,23%), кандидатот на албанската опозиција Арбен Таравари има 45.932 гласови (12,87%) и кандидатот на ЗНАМ Максим Димитриевски има 27.013 гласови (7,57%).

ДИК првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Гласачките места беа отворени од 7 часот до 19 часот. Право на глас имаа 1.814.317 граѓани лица запишани во избирачки список. Тие на 3.480 избирачки места можеа да се изјаснат за еден од седумтемина кандидати.

Одѕивот на денешните претседателските избори до 18 часот изнесуваше 47,61отсто, и е поголем од последните избори за шеф на државата во 2019 година кога до 19 часот на гласање излегоа вкупно 41,67 отсто од запишаните избирачи.