На 70% обработени, Давкова води со преку 125 илјади гласови пред Пендаровски

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На обработени 70% од ДИК, кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова има 247.366 гласови, додека кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски има 121.228 гласови.

Третото место и натаму е за Бујар Османи со освоени 92.135 гласови.

Се поизвесно е дека Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе влезат во вториот круг на претседателските избори, и ќе се борат за претседател на изборите на 8. мај.