Јакимовски го призна поразот: Дали граѓаните биле во право, ќе видиме после 5 години!

by Fokus

„Со среќа нека ви биде изборот. Го признавам поразот, и честитам на Гордана Силјановска Давкова, и да и посакам среќа во вториот изборен круг. Далеку се резултатите од очекувањата, битно беше дека граѓаните имаа избор. Дали граѓаните биле во право, ќе видиме после 5 години, да сме живи и здрави“ рече предмалку на прес-конференција претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски кој според првичните неофицијални резултати, има освоено убедливо најмал број на гласови во однос на своите шест противкандидати кои се надеваа да бидат идниот шеф на државата.

Поврзани новости