Линкови за пристапност

Првичните нецелосни резултати покажуваат голема предност на Силјановска-Давкова пред Пендаровски


Државна изборна комисија
Државна изборна комисија

Првичните нецелосни резултати од деншниот прв круг претседателски избори покажуваат голема предност на каднидатката на опозицијата Гордана Силјановска-Давкова пред актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски.

Податоците кои од избирачките места се собираат во Државната изборна комисија се дека Силјановска-Давкова води со два спрема еден пред Пендаровски.

Државна изборна комисија
Државна изборна комисија

Од обработени 46 проценти од вкупниот број избирачи кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ има освоено околу 150 000 гласови, Пендаровски, кој е поддржан од владејачкиот СДСМ, има нешто повеќе од 71 000 гласови. Потоа, следи Бујар Османи, од владејачката ДУИ, со речиси 68 000 гласови, Арбен Таравари кандидат на албанскиот опозициски блок, има добиено речиси 50 000 гласови, кандидатот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, освоил повеќе од 30 000 гласови од граѓаните, Билјана Ванковска, кандидатката на Левица, има 17 000 гласови, а кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, околу 4 000 гласови.

Податоците се менуваат од минута во минута, зашто системот на ДИК постојано ги ажурира. Но, трендот е дека Силјановска-Давкова има сериозна предност пред Пендаровски.

XS
SM
MD
LG