ДИК: Силјановска – 171.264, Пендаровски – 84.523, Османи – 75.438, Таравари – 55.758

by Фокус

Врз основа на обработени податоци од 53,5 проценти од избирачките места, Државната изборна комисија објавува дека кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова има 171.264 гласови (37 отсто), а кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски 84.523 гласови (18 отсто).

Што се однесува до другите кандидато, Максим Димитриевски од ЗНАМ има 36.350, Билјана Ванковска од Левица има 20.247, а Стевчо Јакимовски од ГРОМ има 4.479 гласови.

Во албанскиот блок, Бујар Османи од ДУИ има 75.438, а Арбен Таравари од ВЛЕН има 55.758 гласови.

Поврзани новости