ДИК: До 18:30 часот излезноста е 48,46 отсто, гласањето продолжено во Демир Хисар, Липково, Делчево и Могила

Прв круг Претседателски избори/ Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Излезноста до 18:30 часот, според обработените резултати од Државната изборна комисија е 48,46 отсто во 3.174 избирачки места. Од вкупно запишани 1.653.023 гласачи, гласале 801.074 граѓани.

Како што соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски најголема излезност има во Новаци 71,07 отсто, најмала во Центар Жупа – 16,90 проценти.

Претседателски избори/ Инфографик: „Слободен печат“, Елисавета Бејкова

-Гласањето се одвиваше мирно без поголеми инциденти. Уважени се 134 приговори и е овозможено повторно гласање. На бесплатната телефонска линија се јавиле десет луѓе, а преку видео порака информации побараа 8 лица со оштетен слух, соопшти тој.

Даштевски информираше и дека гласањето ќе биде продолжено во Демир Хисар, Липково, Делчево и Могила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот