Германскиот пратеник за Западен Балкан: Политиката на Додик е контрапродуктивна за целиот регион

Мануел Сарацин / Фото Credit line: MICHAEL KAPPELER / AFP / Profimedia

Специјалниот пратеник на германската влада за Западен Балкан, Мануел Сарацин, изјави дека политиката што ја води претседателот на Република Српска, Милорад Додик е контрапродуктивна не само за Босна и Херцеговина, туку и за целиот регион.

Во интервју за телевизијата БН во Бијелина, тој оцени дека политичката криза во БиХ нема да се реши со попуштање, бидејќи, како што наведе, таа се повеќе се засилува.

Сарацин истакна и дека постои интерес за продолжување на реализацијата на проектите, кои германската влада ги прекина во РС, но дека неговата земја „ја гледа политиката што ја води Додик, како и неговите најави за отцепување“. – Но, ние мораме да ја оправдаме довербата на нашите граѓани и даночната политика, истакна германскиот специјален пратеник за Западен Балкан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот