ЈО: До затворање на избирачките места не е пристигната ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите
До затворањето на избирачките места на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија izbori@jorm.mk не пристигнала ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите, информираа вечерва од Обвинителството.
- Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, изборниот ден во првиот круг од изборите за Претседател на Република Северна Македонија помина мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес. Не се забележани посериозни инциденти кои би имале обележја на кривично дело против изборите и гласањето или други кривични дела кои би го загрозиле изборниот процес, се вели во соопштението.
Како што информираат од ЈО, привремената комисија на Јавното обвинителство за евентуални изборни нерегуларности го следела текот на гласањето, а во текот на денот биле организирани вонредни дежурства во сите основни јавни обвинителства. Јавното обвинителство се координирала и со останатите институции надлежни за следење на изборниот процес.
- Комисијата ќе продолжи со својата работа до завршување на изборниот циклус. Сите евентуални сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани, а предметите ќе имаат приоритет на постапување во јавните обвинителства, наведуваат од Јавното обвинителство.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228