Џафери: Од овие избори зависи во кој правец ќе се движи државата

by fokus

Овие избори се од голема важност бидејќи од нив зависи во кој правец ќе се движи државата, рече претседателот на Владата, Талат Џафери, утрово во родното Форино го оствари своето гласачко право на денешните претседателски избори.

-Во овие три децении од самостојноста на државата, основна определба е дека земјата и граѓаните претендираат членство во ЕУ и ние сме должни тоа да го обезбедиме. Секако, граѓаните преку својата волја, со гласање тоа ќе го потврдат. Имајќи ги предвид глобалните состојби, но и состојбите во регионот, сметам дека мнозинството граѓани тоа ќе го искажат и низ процесот на гласање, изјави претседателот на Владата, Џафери.

Поврзани новости