Три случаи на фотографирање и два случаи на кинење на гласачкото ливче

Прв круг Претседателски избори/ Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека се евидентирани три случаи на фотографирање на гласачкото ливче во штипско и Сопот и два случаи во Скопје во кои било скинато гласачкото ливче.

Во 14 часот е пријавено дека на избирачко место во Штип, М.Ш. (23) го фотографирал гласачкото ливче, а истото го сторил и Г.Ј. (34) од село Тработивиште. Во 15:30 часот е пријавено дека на избирачкото место бр. 1680 во селото Сопот, Р.А. го фотографирал гласачкото ливче.

Во 15:40 часот е пријавено дека на избирачкото место бр. 2880 во Скопје, Р.Х. (72) го скинал гласачкото ливче. Тој е приведен и по документирање на случајот против него ќе следи соодветен поднесок, а во 15:50 часот на избирачкото место бр.2783, од страна на Б.С. (48) било скинало гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот