Митрески: Очекувам голема излезност бидејќи од гласот на граѓаните зависи иднината на државата

Фото: МИА

Претседателот на Собранието на Јован Митрески денеска го оствари своето право на глас во рамки на првиот круг од претседателските избори во избирачкото место 1861 во Основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга.

– Верувам дека денес изборниот ден ќе помине во најдобар ред, како што личи на една демократска држава. Во изминатите изборни циклуси покажавме дека како држава може да органзиираме фер и демократски избори, според европските стандарди и правила, изјави Митрески по гласањето.

Ги повика сите граѓани да излезат да го остварат своето избирачко право.

– Очекувам дека ќе излезат во поголем број, затоа што од нивниот глас зависи иднината на државата, тоа е нивно демократско право и очекувам во најголем број да го искористат, рече Митрески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот