Шокантната изјава кажана на шега од Тони Надал, поранешниот тренер и вујко на славниот шпански тенисер Рафаел Надал, го згрози светот. Тој зборуваше за моменталната форма на својот внук и откри какви се шансите да триумфира тој на претстојниот Ролан Гарос.

Веднаш на почетокот од разговорот сакаше да изгледа смешно, па на „шега“ ги премина границите на добриот вкус и неговата шокантна изјава привлече големо внимание кај тениската јавност.

  • Секако дека Рафа може да го освои Ролан Гарос, но прво треба да се погрижиме Алкараз, Ѓоковиќ, Синер и другите да се повредат – истакна на шега за шпанскиот „Ас“ Тони.

Тој продолжи:

  • Сите знаеме дека нема играно речиси една година. Кога се појави на теренот во Барселона, имаше околу 700 дена без играње на земјена подлога.

Тони верува дека Рафа ќе се снајде добро во Париз доколку ја подобри формата во наредните недели.

  • Има уште еден месец до почетокот на Ролан Гарос. Доколку успее да го доведе телото како што треба физички, ќе му требаат само неколку натпревари, но со услов ждрепката за првите неколку кола во Париз да не биде толку тешка – додаде Тони Надал.

Секако, најважно е тој да остане здрав.

  • Се надевам дека нема да има проблеми, тоа е важно. Процесот на адаптација започна добро, сега е важно да одигра доволно натпревари пред почетокот на Ролан Гарос. Дополнителна тешкотија е што нема да биде носител, а тоа значи дека може да му паднат во раната фаза од турнирот Алкараз,  Синер или некој друг многу опасен – заврши Тони Надал.