„TikTok“ вети дека ќе се бори против „неуставната“ забрана на САД

Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

„ТикТок“ вели дека ќе го оспори на суд „неуставниот“ закон што може да резултира со негово продавање или забрана во Соединетите држави.

Претседателот Бајден потпиша закон со кој на кинескиот сопственик на платформата за социјални медиуми, „ByteDance“, му дава девет месеци да ја отуѓи апликацијата или таа ќе биде блокирана во САД.

Законот е воведен поради загриженоста дека „TikTok“ би можел да сподели кориснички податоци со кинеската влада.

„Ние веруваме дека фактите и законот се јасно на наша страна и ние на крајот ќе победиме“, се вели во соопштението на TikTok. Факт е дека инвестиравме милијарди долари за да ги зачуваме податоците на САД безбедни и нашата платформа ослободена од надворешно влијание и манипулација. Оваа забрана ќе уништи седум милиони бизниси и ќе замолчи 170 милиони Американци“ се додава во соопштението.

Мерката беше усвоена како дел од пакетот од четири нацрт-закони кои, исто така, вклучуваа воена помош за Украина, Израел, Тајван и други американски партнери во индо-пацифичкиот регион.

Имаше широка поддршка од пратениците, при што 79 сенатори гласаа за, а 18 против.

„TikTok“ информираше дека „ByteDance“ „не е агент на Кина или која било друга земја“.

ByteDance инсистира дека не е кинеска фирма, посочувајќи на глобалните инвестициски фирми кои поседуваат 60% од неа.

Нејзиниот главен извршен директор, Шоу Зи Чу, минатиот месец рече дека компанијата ќе продолжи да прави се што може, вклучително и остварување на своите „законски права“ за заштита на платформата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот