Германија покрена обвиненија против шестмина осомничени членови на ИСИС за терористички напади

Полиција Германија/ Фото EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Германија обвини шест странски државјани за планирање терористички напади во име на Исламската држава во провинцијата Хорасан, објави федералното обвинителство.

Осомничените, идентификувани како државјани на Таџикистан, Мухамадсујо А., Нурдин К., Самсуд Н., Саид С., Рабони З. и државјанинот на Киргистан Аброрион К., меѓу другото се обвинети и за формирање терористичка организација.

Според соопштението, тие имале намера да извршат големи терористички напади во Германија и Западна Европа, но немале конкретен план кога интервенирале органите на редот.

Осомничените, кои беа уапсени минатиот јули, биле во контакт со Исламската држава во провинцијата Хорасан, авганистанскиот огранок на Исламската држава, која ја презеде одговорноста за минатомесечниот масовен напад во Москва во кој загинаа најмалку 137 луѓе.

Според истражителите, осомничените пристигнале во Германија преку Украина по почетокот на војната таму во пролетта 2022 година и создале терористичка ќелија заедно со уште еден член од Холандија. Тие редовно се состануваа за да разговараат за нивните намери и ги извидуваа можните локации во Германија, се вели во соопштението на обвинителството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот