Манчестер Сити без Ерлинг Халанд во еден од најважните натпревари во сезоната

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Tренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола потврди дека норвешкиот напаѓач, Ерлинг Халанд нема да биде подготвен за настап во утрешниот натпревар против Брајтон.

На денешната прес-конференција пред натпреварот Гвардиола соопшти и добри вести, а тоа е дека Фил Фоден и Џон Стоунс се опоравиле од полесните повреди и се враќаат во тимот. Сепак, Халанд нема да го има на располагање.

„Дефинитивно Халанд нема да биде со тимот за овој натпревар. Нема сериозна повреда, но за утре нема да биде спремен. Добро е што Фоден и Стоунс се враќаат и ќе можеме да сметаме на нив“, изјави Пеп.

Стратегот на Манчестер Сити не штедеше пофалби и за колегата од спротивната страна, Роберто Де Зерби.

„Уште од почетокот на сезоната натпреварот на гости кај Брајтон го означив како еден од најтешките во сезоната. Ќе играме против тим кој игра неверојатен фудбал и воопшто нема да биде лесно“, изјави Пеп.

На табелата во Премиер лигата во овој момент прв е Арсенал со 77 бода, четири повеќе од Манчестер Сити, но „граѓаните“ имаат и два натпревари помалку. Тука е и Ливерпул со 74 бодови и натпревар помалку во однос на „топџиите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот