Зошто се помалку граѓани излегуваат на гласање? – Илиев: Постои разочараност…

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Александар Илиев денеска во „Изборен Маратон“ на ТВ21 објасни зошто се помалку луѓе излегуваат на гласање.

Според него, има неколку причини.

„Недоверба кон демократскиот процес кој се создаде од нашето искуство во демократијата, потоа однесувањето на партиите, поделбата во општеството по многу клучни теми. За мене сепак се две основни причини нашето демократско искуство во изборниот процес и однесувањето на партиите. Постои разочараност кај граѓаните од политичките партии и недоверба кон демократски процес“, вели Илиев.