Министерството за правда на САД постигна граѓанска спогодба од 138,7 милиони долари со 139 жртви на поранешниот доктор на олимпискиот тим за гимнастика на САД, Лери Насар.

Насар отслужува затворска казна за сексуално злоупотребување спортисти под негова грижа, а со спогодбата се отфрлаат тврдењата на жртвите дека ФБИ направило пропусти во почетната фаза од истрагата.

Тој им беше главен лекар на американските олимписки гимнастичарки до 18 години, а во 2017 година беше осуден на 60 години затвор, под обвинение за поседување материјал за сексуална злоупотреба на деца.

Следната година, Насар беше осуден на 175, односно на 125 години, соодветно во две одделни судења за злоупотреба на гимнастичарки под негова грижа.

Американските олимписки медалисти, Симон Бајлс и Мекејла Марони, беа меѓу жртвите што јавно го критикуваа ФБИ за начинот на кој се справува со истрагата.

Жртвите го обвинија ФБИ дека не постапило според доказите што ги добило во 2015 година, дозволувајќи му на Насар да продолжи сексуално да злоупотребува млади девојки до 2016 година, кога беше обвинет.