Земјотес со јачина од пет степени според Рихтер ја погоди јапонската префектура Ибараки

29
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер ја погоди денеска јапонската префектура Ибараки, на островот Хоншо, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Земјотресот се случил во 20 часот и 40 минути по локално време, на длабочина од 60 километри, наведе Агенцијата, пренесе Кјодо.
Засега нема податоци за евентуални жртви ниту за причинета материјална штета, а не е издадено ни предупредување за цунами, пренесе Танјуг.