До 15 часот до Државната изборна комисија пристигнати се податоци за излезност на гласачите од 2110 избирачки места. Од вкупно запишани 1.092 341 гласачи на овие избирачки места, гласале 392 066 односно 35,89 %.
Според податоците за излезеност кои што се пристигнати досега, најголема излезност е забележана во Новаци со 57,69% додека најмала е излезноста во Центар Жупа, 13,11%. Гласањето досега се одвива мирно на сите избирачки места.
До овој момент до ДИК се доставени вкупно 233 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 38 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 21 приговори се отфрлени како неуредни а 22 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка.