Авионот кој од Атина полета за Париз принудно се врати назад

Францускиот авион принудно слета во Атина кратко по полетувањето/Фото: Х

Авион Боинг 737 на Трансавија Франција во средата напладне принудно слета на атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос“.

Според она што е познато, леталото кое полетало од аеродромот во Атина во 15:00 часот со дестинација Париз, повторно принудно слетало таму кога се огласил алармот дека птици влегле во неговите мотори.

Слетувањето било безбедно направено во 15:41 часот, а патниците се симнале чекајќи информации за нивниот лет, додека противпожарната служба била мобилизирана поради опасноста од пожар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот