До 15 часот излезеноста е 35,89 проценти

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

До 15 часот излезеноста на првиот круг од претседателски избори е 35, 89 проценти, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) од 2110 избирачки места. 

Вкупно гласале 392 066 граѓани.

Според податоците што се пристигнати досега, најголема излезеност е забележана во Новаци со 57,69 проценти додека најмала е излезеноста во Центар Жупа, 13,11 проценти.