До 15 часот гласале 35,89 отсто oд граѓаните, најмногу во Општина Новаци

by Fokus

Според последните податоци од Државната изборна комисија, до 15 часот одзивот на гласачи е над 35,89 отсто.

Како што се наведува на веб сајтот на ДИК, гласале 534 988.

Според податоците за излезеност кои што се пристигнати досега, најголема излезенот е забележана во Новаци со 57,69% додека најмала е излезеноста во Центар Жупа, 13,11%.

Во земјава денеска се одржува првиот круг од претседателските избори. Право на глас имаат 1.814.317, кои можат да изберат меѓу седум кандидати Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Стевчо Јакимовски, Бујар Османи, Билјана Ванковска, Арбен Таравари и Максим Димитревски.

На страната rezultati.sec.mk може да се следи во живо излезноста на гласачите, вкупна и по општини.

Поврзани новости