EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Марсел Хиршер (35) по пет години се враќа на скијачките патеки. Еден од најдобрите скијачи на сите времиња наместо за Австрија, како досега, ќе настапува за Холандија. Мајката на Хиршер е по потекло од Холандија, па тој има право да настапува за таа земја.

  • Длабоко жалиме за неговата одлука да побара промена и да настапува за Холандија. На крајот, сепак, ја поддржавме – соопшти Австрискиот скијачки сојуз.

Очигледно целта на Хиршер е да се натпреварува на Светското првенство во Австрија, во 2025 година и веќе ги започна подготовките за новата сезона.

Хиршер има три олимписки медали (две златни), осум пати по ред беше најдобар скијач на сезоната во Светскиот куп (најмногу во историјата), има вкупно 67 победи во кариерата, 11 медали од светските првенства…