Јаболката од Балканот сè уште се во фрижидерите

102

Во Европа, годишно се произведуваат од 11 до 12 милиони тони јаболка. Полска е, традиционално, најголем производител со околу 3,5 до четири милиони тони, а значително производство имаат и Италија и Франција. Во Србија се произведуваат околу половина милион тони, со што и таа, како земја, игра важна улога на европскиот пазар.

Неодамна, како понудувач се појави и Украина, која со ниските цени на ова овошје им станува сè поголем конкурент на Блискиот и на Далечниот Исток, каде што големите извозници на јаболка ја гледаат својата шанса за развој.

Здружението на производители на ова овошје од Хрватска неодамна предупреди дека поради притисокот на откупувачите и евтината стока од соседните земји, тешко се пласираат нивните јаболка, па затоа се борат за опстанок, продавајќи овошје на својот праг. Според нив, многу од локалното овошје од минатата сезона сè уште е во фрижидерите.