ДИК: До 13 часот гласале 24,82 отсто или 417.170 граѓани, најголема излезност има во Новаци

Според Државната изборна комисија, ДИК, до 13 часот се обработени 83,54 отсто од гласачките места, а излезноста на гласачите на претседателските избори е 24,82 отсто или гласале 417.170 граѓани. Бројката е сигурно поголема, ако се има предвид дека не се обработени 100 отсто од ливчињата. Ова го изјави претседателот на ДИК, Александар Даштевски кој рече дека бројката е за 6 отсто поголема во споредба со минатите избори во 2019 година.

Обработени се податоците од 3.416 избирачки места од вкупно 3.508 во општините на територијата на целата држава.

Одѕивот на гласачите до 13 часот е 26,35 отсто. Најголема излезност има во општина Новаци – 42,87 отсто, а најмалa во Врапчиште – 10,18 отсто.

До 13 часот во ДИК се пристигнати 140 приговори за правото на гласање.

Од нив, 16 се прифатени, што значи дека тие лица ќе може да гласаат, 9 се одбиени, 8 се оттфрлени како неуредни, а другите се во обработка.