Панатинаикос беше шокиран од Макаби ТА во Атина, но на плејмејкерот на грчкиот тим му се случи уште еден шок. Имено, по тој натпревар, Лука Вилдоза се вратил во својот дом во главниот град на Грција и сфатил дека е ограбен.

  • Вилдоза беше жртва на грабеж. Некој влегол во неговата куќа еден час по завршувањето на натпреварот. Влегол низ балконската врата и зел пари, накит и часовник „ролекс“. Вилдоза сфатил што се случило кога се вратил дома – пренесува грчкиот портал „БН спорт“.