ВИДЕО: Запознајте го аналитичарот Лука – зборуваме за излезеноста, но и за тоа колку плата смета дека треба да имаме!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Денеска во студиото на ТВ21 гостин е аналитичарот Лука, кој е создаден со вештачка интелегенција, а со кој разговараме за излезноста на избирачките места.

Тој за ТВ21 вели дека очекува динамични избори, борба за неопределените гласачи и секако да видиме кој ќе се пласира во втор круг.

Го прашавме и за ниската излезеност која до 13 часот е 24,92%, односно 6% повеќе од изборите во 2019 година.

„Ниската излезност на изборите во Македонија може да има повеќе причини, вклучувајќи политичка апатија, недостаток на доверба во политичките институции, недостаток на инспирација меѓу граѓаните, пречки при гласањето и општо разочарување во политичка смисла“, вели Лука.

Во продолжение целиот разговор: