Легендарниот Карлос Тевез завршил во болница

Фото: Club Atlético Independiente

Славниот аргентински фудбалер, Карлос Тевез бил примен во болница во Буенос Аирес откако се пожалил на болка во градите.

Екс-фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Јувентус ноќта ја поминал во болницата во квартот Сан Исидро каде му биле направени детални прегледи.

Тевез во овој момент е тренер на аргентински Индепендиенте. Од клубот потврдија дека Тевез бил во болница.

„Нашиот тренер Карлос Тевез беше примен во болницата Лан Тринидат во Сан Исидро. Причината е болка во градите, засега не е се познати детали. Направени му се дополнителни тестови и резултатите се задоволителни. Денеска ќе му бидат направени нови тестови кои се дел од рутински преглед и ќе престојува во болницата додека да завршат сите тестирања“, објави клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот