Популарниот фестивал „Коачела“ казнет со 28.000 долари поради Лана Дел Реј
Популарниот музички фестивал, на којшто настапија светски ѕвезди како Шакира, Џастин Бибер, Доџа Кет и други, „Коачела“ заврши, но една од изведувачките ги прекрши правилата.
Се работи за американската поп-пејачка Лана Дел Реј, поради која организаторите на фестивалот ќе треба да платат казна од 28.000 долари.
Пејачката настапила 13 минути подолго од предвиденото и со тоа го прекршила договорот што организаторите го имаат со Градот Индио, каде што се одржува фестивалот, пишува ТМЗ.
На фестивалот, имено, му се наплаќа дневна казна од 20.000 долари за првите пет минути од пречекорувањето на времето и дополнителни 1.000 долари за секоја минута потоа.